сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бајиќ го објави поширокиот список на кошаркари за двомечот со Грузија

Бајиќ го објави поширокиот список на кошаркари за двомечот со Грузија

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, денеска го објави списокот со 24 кошаркари од кои потоа ќе ги избере играчите кои кон крајот на месецот ќе и се спротивстават на Грузија во квалификациите за СП 2023.

Тоа ќе бидат два меча против истиот ривал, прво во Тбилиси на 24 февруари, а три дена подоцна и во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, во склоп на групата во која се уште и Шпанија и Украина, од кои загубивме во ноемврискиот циклус. Предводникот на националниот тим од тогашниот состав ги „избриша“ одметнатиот Лејсон Зеќири, кој одби да дојде на подготовките, како и центрите Кирил Николовски и Љубомир Младеновски.

Истовремено, тој додаде седум талентирани надежи од домашното првенство, Андоноски, Исајлоски, Дарио и Максим Митевски, Амар Хот, Павел Данаиловски и Валмир Какруки, како и „Американците“ Лука Савичевиќ и Андреј Јакимовски.

Костурот на селекцијата останува ист, со напомена дека се враќа Војдан Стојановски по долгата пауза поради повреда на коленото, како и Ненад Димитријевиќ, кој одби на настапи во августовските претквалификации, а беше повреден за претходните два дуели од квалификациите. Џејкоб Вајли очекувано е нашето засилување од САД.

 

ПОШИРОКИОТ СПИСОК НА СЕЛЕКТОРОТ ДРАГАН БАЈИЌ

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)

Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Војдан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Андоноски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Виктор Исајлоски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Дарио Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Максим Митевски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Стојан Ѓуроски (Пелистер)

Виктор Ефремовски (Гостивар)

Андреј Маслинко (ТФТ)

Андреј Митревски (Феникс 2010)

Амар Хот (Феникс 2010)

Павел Данаиловски (Работнички)

Валмир Какруки (Работнички)

Андреј Магдевски (АСУ Плоешти-Романија)

Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)

Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)

Џејкоб Вајли (Реал Бетис-Шпанија)

Лука Савиќевиќ (Источен Мичиген-САД)

Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)