Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за завршницата од квалификациите за пласман на Светското првенство.
Ние во овој циклус не се прославивме, доживеавме четири порази во четирите натпревари, па пред нас се уште битките со Шпанија и Украина.
На 1 јули и гостуваме на „црвената фурија“ , додека на 4 ќе ја пречекаме селекција на Украина во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ (18:00 часот).
Бајиќ објави список од 24 имиња од кои во фокусот дефинитивно се Ненад Димитријевиќ, Војдан Стојановски и Џејкоб Вајли.
Првиот собир на репрезентацијата ќе се одржи на 25. јуни во Скопје.