Селекторот на машката кошаркарската репрезентација на Македонија, Драган Бајиќ, ги има сите адути на располагање на кои сметаше пред стартот на подготовките за Светското првенство (СП), со исклучок на Лејсон Зекири.
Бајиќ истакна дека пласманот во квалификациската рунда радува, а тука ќе се има сериозни ривали кон кои мора да се гледа со максимален респект, но не и да се преценуваат, затоа што искуството на тренерот во минатото му донело многу големи победи со ривали кои биле послаби на хартија.
„Ако се вратиме малку назад и во тие претквалификации кои сме ги имале, многу ни значи што успеавме да се пласираме во главниот квалификациски круг. По моето доаѓање најавив дека ќе го подмладуваме тимот и истовремено ќе се бориме да имаме подобри резултати. Овој циклус, со вакви звучни имиња, сигурно добро ќе му дојде на тимот и на оваа селекција за следниот период. Го пропуштивме претходното ЕП, но се надевам дека ќе играме понатаму. Имаме сериозни ривали како Шпанија, Грузија, Украина, нема да биде лесно, но јас сум човек-оптимист и верувам во она кое го работам. Во кариерата сум победувал посилни со многу полоши тимови.Во првиот натпревар против Шпанија мора да влеземе со голема самодоерба и мотивација затоа што се носи дресот со државниот грб и ако ни се даде шанса, да изненадиме. Мора да бидеме реални, Шпанија со било кој тим да дојде, мора да имаме максимален респект кон тој ривал. Во ростерот се играчи кои играат во големи клубови. Но, мора да веруваме во нас и се надевам дека публиката ќе дојде во голем број и ќе биде наша поддршка“, изјави Бајиќ.