понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Баскет Кам и Бадел ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција

Баскет Кам и Бадел ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција

Кошаркарките на Бадел 1862 и Баскет Кам 2011 ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија.

Баделки ја декласираа Струга со 80:44 и тоа во натпревар во кој ги доби сите четири четвртини. Комплетната стартна петорка беше двоцифрена, а листата ја преводеше Стојановска со 14 поени. Кај поразените најмногу се истакна Модева со 10 кошеви.

Далеку повозбудливо беше во второто полуфинале во СРЦ „Кале“ каде Баскет Кам по голема борба триумфираше над Вардар со 74-64. По три четвртини бранителот на трофејот имаше само еден кош предност (46-45) за да во завршниот период успее посериозно да се одлепи и обезбеди уште еден меч на турнирот.

Алексиќ со 18 и Антиќ со 17 беа водечки стрелци кај победникот, залуден на спротивната страна беше дабл-дабл учинокот на Наков од 27 поени и 10 скокови.