среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Баскет Кам ја одбрани титулата во кошаркарскиот Куп во женска конкуренција

Баскет Кам ја одбрани титулата во кошаркарскиот Куп во женска конкуренција

Екипата на Баскет Кам во реприза на ланското финале повторно славеше над Бадел по продолженија (58-58 регуларен дел, 61-64) и го освои вториот трофеј во историјата во женскиот кошаркарски Куп на Македонија.

Натпреварот беше на страната на Баскет Кам, а во последниот квартал тимот на Бадел кој беше без тренерот Перо Стамески (позитивен на ковид-19) со една серија од десет поени се врати во мечот и приреди драматичен финиш. Баскет Кам не реализира напад за победа, дуелот замина во продолжение, а во додатните пет минути финишот беше кобен за фаворитот на хартија.