Кошаркарките на Баскет Кам ја освоија втората шампионска титула во својата историја откако славеа со 3-0 во финалната серија против Бадел 1862, потврдувајќи ја својата доминација. Во третиот натпревар составот од Македонска Каменица успеа да направи целосен пресврт и да слави со 59-68.
Баделки беа подобриот противник во првото полувреме по кое имаа предност од 33-26, но гостите на крилја на одбраната која дозволи само шест поени во третата четвртина успеаја да се вратат во мечот, а притоа ја имаа и фантастичната Елена Тасевска која запиша пет тројки во натпреварот стигнаа до целосен пресврт и трета победа во низа.
Кошаркарката на Баскет кам 2011, Елена Тасевска беше избрана и за најкорисен играч во завршната серија од финалето на плеј-офот во женска конкуренција.
На крајот, за нешто повеќе од 36 минути во игра, дојде до „дабл-дабл“ ефект изразен преку реализација од 22 поени (5/9 за три, 1/6 за два и 5/6 за еден поен), дополнети со десет скока (два офанзивни), три освени топки, една асистенција и 22 инденски поени, најмногу од сите актери на финалето.