четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бертанс промаши тројка за победа: Еве како Германците се извлекоа за полуфинале (ВИДЕО)

Бертанс промаши тројка за победа: Еве како Германците се извлекоа за полуфинале (ВИДЕО)

Кошаркарите на Летонија имаат за што да жалат, бидејќи имаа шанса да се пласираат во полуфиналето на Светското првенство. Сепак, оваа храбра селекција претрпе пораз од Германија со минимални 81-79.

Последните 20 секунди понудија голема драма. Германците имаа предност и напад, а одговорност презеде Денис Шрудер. Првата ѕвезда имаше натпревар за заборав, па така го промаши и шутот со кој ќе го решеше победникот. Летонците имаа напад со нешто повеќе од седум секунди. Топката ја поведе Давис Бертанс кој изненадувачки се најде осамен во противничко поле, па реши да шутне за три преку рака и блок, а на негова жал промаши.

Последните 20 секунди од натпреварот:

Останува нејасно зошто Бертанс не направи уште чекор-два, бидејќи време за шут имаше, па дури и по одбиената топка остана секунда.

Летонија на овој Мундијал покажа неверојатен карактер. Без првата ѕвезда Криштапс Порзингис ги помати сметките на европските фаворити Франција и Шпанија, а имаше и шанса да игра полуфинале.