четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бесплатен влез за дуелот на македонските кошаркари против Словачка

Бесплатен влез за дуелот на македонските кошаркари против Словачка

Кошаркарската федерација донесе одлука да им дозволи бесплатен влез на навивачите на претстојниот натпревар на македонската машка репрезентација против Словачка во рамки на второто коло во групата Д од претквалификациите за пласман на Европското првенство 2025.

Дуелот против Словаците е на програмата в недела од 19:00 часот во СРЦ „Кале“.

– Сите заедно да им помогнеме на момците да дојдат до уште еден важен триумф во битката за учество на Евробаскетот, порача македонската кошаркарска Федерација во апелот до навивачите.

Во премиерниот натпревар од претквалификацискиот циклус избраниците на селекторот Александар Јончевски вчера ја совладаа Данска на гостински терен со 73-70.