Македонската кошаркарска репрезентација во ноемврискиот прозорец во претквалификациите за ЕП 2025 година против Норвешка и Данска нема да може да смета на Ненад Димитријевиќ и Андреј Јакимовски, двајца кошаркари кои одиграа добри мечеви против Данска и Словачка.
Димитријевиќ не може да дојде од Русија која е исклучена од ФИБА, додека пак Јакимовски кој е во Америка, има обврски во НЦАА-лигата.
„Нено е најдобар кошаркар, нема да може да дојде поради тоа што игра во Русија. Тој има голема желба да дојде, но не може. Русија е во војна со ФИБА, не го пуштаат да дојде. Јакимовски е во Америка, исто овој пат и покрај големата желба не може да дојде во Македонија. Ова ќе биде шанса за помалдите кошаркари“, изјави спортскиот директор, Марјан Србиновски. Не гледам дека ќе бидеме како што бевме порано, потребна е многу работа, како во клубовите, така и ние во федерацијата. Мора да работиме со тренерите и играчите“, рече Србиновски во „Голден Карпет“.
Македонија на 10 ноември во Гевгелија ја пречекува Норвешка, три дена подоцна е мечот со Данска, исто во овој град.