сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

БИБЛ лигата со признание за Александар Милојевиќ

БИБЛ лигата со признание за Александар Милојевиќ

Завршницата на сезоната во Балканската лига официјално го означи крајот на судиската кариера на еден од најуспешните македонски судии во историјата, Александар Милојевиќ.

Тој го го судеше финалето од БИБЛ лигата меѓу Хапоел Холон и Академик Бултекс на кој триумфираше израелскиот тим со 91-75 и ја освои титулата.

По мечот, Милојевиќ доби специјално признание од директорот на лигата,  Шај Штрикс.

„Менаџментот на БИБЛ лигата сака да му честита на Александар Милојевиќ за неговата успешна кариера и за тоа што беше дел од нашето натпреварување од 2008 година. Финалето беше последно во неговата кариера и последен меч за него како судија. БИБЛ, Хапоел Холон и Академик му посакуваат се најубаво во иднина во неговите активности и во светот на кошарката“, стои на официјалната страница на БИБЛ.