петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

БиХ нема да учествува на Евробаскет 2022 поради недостиг на финансии?

БиХ нема да учествува на Евробаскет 2022 поради недостиг на финансии?

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина можеби нема да учествува на Европското првенство во кошарка поради недостиг на финансиски средства.

Федерацијата излезе со соопштение во кое нагласува дека настапите на репрезентативните селекции на големите натпреварувања летово, и машки и женски, се под знак прашалник поради недостиг на финансии.

Машката репрезентација наголемо се подготвува за Евробаскет 2022, а учеството го потврди и Јусуф Нуркиќ.

Сениорската селекција на БиХ се наоѓа во групата Б од Евробаскет што ќе се игра во Келн и за противници треба да ги има Германија, Франција, Литванија, Словенија и Унгарија.