Американскиот бек Били Берон е нов кошаркар на Олимпија од Милано. Берон ја официјализираше двегодишната соработка со тимот предводен од Еторе Месина.
31-годишниот играч од Пенсилванија имаше доста успешна сезона во која со Зенит ја освои титулата во домашниот шампионат. Во ВТБ јунајтед лигата имаше просек од 14,6 поени со фантастичен процент за шутот за три поени – 46,5%
Берон е професионалец од 2014 година, а играше за Лиетовос Рутас, Шарлероа, Мурсија и Црвена Звезда, а потоа се пресели во Зенит.
Тимот од Милано по потписот со Берон соопшти дека на искусниот плејмејкер Малколм Дилејни нема да му биде продолжен договорот.