петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бјелица се враќа во Фенербахче

Бјелица се враќа во Фенербахче

Српскиот кошаркарски репрезентативец Немања Бјелица ќе го облече дресот на екипата на Фенербахче.

Српскиот кошаркар ја освои титулата во НБА лигата со Голден Стејт Вориорс. Ова лето тој е слободен агент и наводно ги договорил условите со турскиот гигант.

Бјелица ќе добие договор на две сезони. Во секоја од нив ќе инкасира два милиони евра. Бјелица беше дел од Фенер во периодот од 2013 до 2015 година.