Блејк Грифин во новата сезона ќе игра за Бостон селтикс и тоа за ветерански минимален договор од 2,7 милиони долари.
Потпиша на само една сезона и тоа како слободен агент откако лани играше за Бруклин. Во таборот на Нетс имаше просек од 6,4 поени, 4,1 скок и 1,9 асистенции по натпревар.
Одигра вкупно 56 натпревари што е најмногу во една сезона уште од 2018/2019 кога беше дел од Детроит. Шесткратниот олстар играч во 2019 и 2020 година имаше неколку операции на двете колена и тотално ја загуби својата експлозивност и мобилност што го правеше фантастично аткрактивен играч.