Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, направи една измена за натпреварот против Словачка кој следи во рамки на претквалификациите за Европското првенство (ЕП) кое се игра во 2025 година.
На гостувањето во Нествед, Јончевски го немаше на располагање плејмејкерот Бобан Стајиќ кој имаше мала повреда, но за мечот со Словачка се враќа во тимот.
Стајиќ во сениорската репрезентација доаѓа на местото на младиот Димитар Пандев кој беше како дебитант во А-тимот предводен од новиот селектор. Мечот меѓу Македонија и Словачка се игра в недела од 19:00 часот.