Легендарниот српски кошаркар Дејан Бодирога, сега прв човек на Евролигата, гостуваше во дневникот на „ТВ Нова С“ каде зборуваше за актуелните теми кога е во прашање овој спорт.
Сигурно најинтересни се неговите изјави поврзани со АБА лигата, односно дали регионалното натпреварување во иднина може да има двајца претставници во Евролигата.
Според Бодирога останува да се види што ќе донесе новиот формат на натпреварувањето:
– Евролигата засега му гарантира едно место на шампионот во АБА лигата. Со оглед на околностите, поради сè што се случуваше со руските клубови, Партизан доби вајлд-карта. Овој регион ѝ даде многу на европската кошарка – АБА имаше три претставници, се намали на два, па на еден. Треба да најдеме рамнотежа, да не гледаме само на пазарите, туку да најдеме рамнотежа што ќе ги задоволи сите. Ние секако ќе се грижиме за овој важен регион. Моментни што можеме да кажеме – еден претставник од АБА лигата. Но, ќе видиме што ќе донесе новиот формат на натпреварување во иднина – рече Бодирога.