Српските кошаркари беа поразени од Германија во финалето на Мундобаскетот со резултат 83:77.
Селекторот на Србија, Светислав Пешиќ зборуваше на прес-конференција по поразот во финалето
„Кога некој тим води од почеток до крај и игра на високо ниво, мораме да им честитаме. Ни требаше подобра ротација. Нашиот лекарски тим направи се за да ги опорави играчите. Го загубивме Добриќ на почетокот на натпреварот, Богдановиќ играше болен. Пред финалето, прашањето беше дали тој воопшто може да игра“.
Пешиќ им честиташе на Германците.
„Честитки за Германците, одиграа одлично, горд сум на моите играчи. Имавме шут за израмнување, но за финалето треба да се биде на подобро физичко ниво“, рече Пешиќ.