вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бојан Богдановиќ останува во Детроит

Бојан Богдановиќ останува во Детроит

Бојан Богдановиќ, кошаркарот на Детроит Пистонс, нема да ја промени средината, барем до крајот на сезоната.

Се шпекулираше дека хрватскиот кошаркар би можел да го напушти овој тим, но познатиот новинар Џејк Фишер носи нова вест.

„Заинтересираните екипи почнуваат да веруваат дека Бојан Богдановиќ ќе остане во Детроит“, напиша новинарот на „Јаху спортс“.

Богдановиќ е предводник на Детроит оваа сезона и на теренот и надвор од него. Тој има просек од 21,4 поени, 3,6 скока и 2,4 асистенции.