Најдобриот хрватски кошаркар Бојан Богдановиќ изјави дека повеќе нема да игра веќе за националниот тим и сака кариерата да ја заврши во НБА-лигата.
Богдановиќ во интервју за „Мундо Депортиво“ кажа дека неговиот став е ист како и минатото лето, односно дека повеќе нема да го облече дресот на Хрватска.
„Имавме многу проблеми со повредите кога Хрватска требаше да игра на големите натпреварувања. Така беше во текот на целиот мој живот. Секогаш бевме без најдобрите кошаркари. Требаше да бидеме подобри, не знам што да кажам“, вели Богдановиќ.