Бојан Богдановиќ има нов клуб. Најдобро информираните новинари во САД пренесуваат дека Јута договорила трејд со Детроит и останува тој само да биде потврден и официјално. Хрватот ќе замине во редовите на Пистонс, додека Јута ќе ги добие Кели Олиник и Сабин Ли.
„Џезерите“ претходно ја завршија соработката и со најголемите ѕвезди, Руди Гобер и Донован Мичел, најавувајќи дека планираат целосно проветрување на тимот и создавање нова екипа која би имала поголеми амбиции за неколку години.
Богдановиќ имаше просек од 18,1 поен за Јута минатата сезона, а сега ќе се пресели во една од најслабите екипи во НБА лигата.