четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бол и Мареј на местото на Дурант и Грин на Ол-стар Бол и Мареј на местото на Дурант и Грин на Ол-стар натпреварот во Кливленд

Бол и Мареј на местото на Дурант и Грин на Ол-стар Бол и Мареј на местото на Дурант и Грин на Ол-стар натпреварот во Кливленд

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, објави дека кошаркарите на Шарлот и на Сан Антонио, Ламело Бол и Дежонте Мареј, ќе настапат на претстојниот Ол-стар натпревар на 20 февруари во Кливленд на местото на повредените Кевин Дурант и Дрејмонд Грин.

Бол минатата сезона беше избран за најдобар дебитант, а сезонава има просек од 19.6 поени, 7.5 асистенции, 7.1 скокови и 1.47 освоени топки по натпревар и за прв пат во кариерата ќе настапи на Ол-стар натпревар.

Ол-стар деби во Кливленд ќе има и Мареј, што го заслужи со најдобрата сезона досега во кариерата, во која има просек од 19.6 поени, 9.2 асистенции, 8.4 скокови и 2.06 освоени топки, а забележа и десет трипл-дабл ефекти.

Дурант се откажа од настап на Ол – стар натпреварот поради повреда на левото колено, додека Грин поради повреда на грбот.