петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

„Бомба“ во НБА лигата: Харден го доби тоа што сакаше и ќе биде дел од новиот супер тим во НБА лигата

„Бомба“ во НБА лигата: Харден го доби тоа што сакаше и ќе биде дел од новиот супер тим во НБА лигата

Џејмс Харден посакуваше да си замине од Филаделфија, желба која конечно му е остварена по најновите информации кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави.

„76-ките“ сфатија дека морат да го стават интересот на екипата на прво место и се ослободија од незадоволниот Харден кого заедно со Пи-Џеј Такер и Филип Петрушев го испратија во Лос Анџелес Клиперс. Тие пак за возврат добиваат пикови плус Ник Батум, Маркус Морис, Роберт Ковингтон и Кеј Џеј Мартин.

За да се комплетира овој трејт Филаделфија мораше да ослободи место и се откажаа од ветеранот Дени Грин.

Ова значи дека Харден повторно ќе игра заедно со Расел Вестбрук кого добро го познава од времето од Оклахома Сити Тандер и Хјустон Рокетс, а во Клиперс се уште Пол Џорџ и Каваи Ленард што значи дека имаме тим на ѕвезди во Лос Анџелес.

„Брадата“ во досегашната кариера освен за Филаделфија, Оклахома и Хјустон Рокетс има играно и за Бруклин Нетс.