среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бориша Симаниќ заедно со соиграчите ќе се врати во Србија

Бориша Симаниќ заедно со соиграчите ќе се врати во Србија

Крилниот центар на српската репрезентација Бориша Симаниќ беше подложен на две операции во Манила по ударот што го доби на мечот од првата фаза против Јужен Судан.

На Симаниќ му го извадија бубрегот, но добрата вест е што се опоравува и дека состојбата му е подобрена до тој степен што наскоро би требало да се врати во Белград.

Состојбата на Симаниќ е подобрена во последните денови и постои можност, доколку се биде како што треба, со сериозен лекарски надзор, кошаркарот на Сарагоса да биде на чартер летот кој ќе ја врати српската репрезентација дома од главниот град на Филипините.