Во НБА лигата ноќеска се одиграа десет натпревари, а дербито беше во Бостон каде ,,Селтикси” славеа триумф над Минесота со 91:84.
Маркус Смарт беше најефикасен во победничкиот тим со 18 поени, но Кајри Ирвинг беше најкористен со учинок од 16 поени, девет скокови и осум асистенции.
Кај Минесота, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Ентони Таунс кој постигна 25 поени.
Најнеизвесниот меч го одиграа Мајами и Њујорк, а беше решен по дополнителните пет минути по кои домаќините се радуваа на победа со 107-103. Вејн Елингтон ги предводеше „жешките“ до победа со 24 поени, а Горан Драгиќ придодаде 19. Кај гостите најефикасен беше Картни Ли со 24 поени.
Во Торонто домашниот тим го совлада Милвоки со убедливи 129:110.