Бостон Селтикс го договори своето прво засилување за новата сезона во НБА лигата. Во Масачусец замина летонскиот суперстар Кристапс Порзингис кој минатата сезона беше во Вашингтон Визардс.
Во замената меѓу три тима во главниот град на САД ќе Маркус Морис од ЛА Клиперс, додека Клиперс ќе го добијат Малком Брогдон.
Порзингис во НБА лигата покрај за Вашингтон, настапуваше и за Њујорк Никс и Далас Маверикс.