сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бостон размислува да го ангажира Кармело Ентони

Бостон размислува да го ангажира Кармело Ентони

Бостон размислува да потпише со слободниот агент Кармело Ентони по веста за повредата на Данило Галинари.

Италијанскиот напаѓач заработи скинат менискус на левото колено и ќе го пропушти Евробаскет 2022 година. Се очекува Галинари да остане надвор од тренинг кампот на Селтикс и да се врати на терените во ноември.

Триесет и осумгодишниот Ентони сЕ уште е слободен агент. Минатата сезона со Лејкерси имаше просек од 13,3 поени и 4,2 скока по натпревар.

Претходно беше објавено дека Ентони е заинтересиран да се врати во Њујорк, за кој настапуваше од 2011 до 2017 година. (МИА)