Бостон Селтикс заврши одлична зделка, бидејќи во своите редови го доведоа Дру Холидеј. Кошаркарот беше дел од трејдот на Дејмиан Лилард од Портланд, меѓутоа Треил Блејзерси лесно се откажаа од него.
Холидеј се сели во таборот на Селтикси, додека во спротивен правец заминаа Роберт Вилијамс, Малком Брогдон и прв пик од драфтот во 2029 година, како и пик од првата рунда на Голден Стејт Вориорс.
Во Бостон сега се комплетира одлично трио за новата сезона. Холидеј ќе игра заедно со младите ѕвезди Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, па се очекува да бидат опасни за сите.