Бојан Дубљевиќ по 11 години поминати во Валенсија заминува од клубот како легенда, а веќе започнаа и гласините за негова можна замена.
Според шпанските медиуми еден кошаркар е приоритет на евролигашот, а тоа е Брендон Дејвис.
Американецот по одличните настапи за Барселона изминатата сезона беше дел од Милано, каде и покрај тоа што бележеше просек од 10.2 поени, 3.2 скока и 1.9 асистенција по натпревар во Евролигата не успеа да се наметне како лидер на тимот па и кошаркарот и клуб немаат ништо против да се разделат.
Враќањето во Шпанија отвара можност да настапува како домашен кошаркар со оглед на тоа што поседува пасош на Уганда па нема да завзема место на натурализиран кошаркар.