сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бруклин без ѕвездата две седмици

Бруклин без ѕвездата две седмици

Екипата на Бруклин Нетс доби лоши вести околу Кевин Дурант затоа што играчот има оштетени лигаменти и го очекува пауза од најмалку две недели.

За време на третиот квартал од дуелот со Мајами Хит, Дурант доживеа повреда и повеќе не се врати во игра. Прегледите утврдија дека играчот има оштетени лигаменти, повреда која не е воопшто наивна, па го чека пауза.

Дурант ќе паузира 14 дена, а потоа ќе се види каква ќе биде неговата состојба. Поволна околност за играчот е што не го повреди левото колено на кое има направено две операции низ историјата.