четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Будуќност пресилен за МЗТ Скопје во меч од АБА лигата

Будуќност пресилен за МЗТ Скопје во меч од АБА лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје претрпеа уште еден пораз во АБА лигата и тоа на гостувањето во Подгорица кај Будуќност каде беа совладани со 89-66.

Македонскиот шампион важеше за аутсајдер на овој меч и тоа се потврди на теренот каде избраниците на Петровиќ беа подобри само во втората четвртина која ја реализираа со 21-16.

Првиот значаен тест МЗТ ќе го има на домашен терен против Студентски центар, тим против „штрковите“ можат да бараат победа.

Што се однесува до вечерашниот меч, Ајви и Максвел уфрлија по 12 поени, додека капитенот Дамјан беше автор на 10 кошеви.