среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Будуќност го доведе МВП-то на италијанската лига

Будуќност го доведе МВП-то на италијанската лига

Црногорската Будуќност официјално соопшти дека се засилува со одличен кошаркар кој пристигнува од редовите на италијанскиот Варезе.

Се работи за Колби Рос, кој минатата сезона беше МВП на италијанската лига и се очекува тој да биде еден од носителите на играта во црногорскиот тим.

Минатата сезона беше навистина одлична за Американецот кој имаше феноменален просек од 17,5 поени, 7,5 асистенции и 4,4 поени по натпревар. Овие бројки беа доволни за да го добие признанието за најкорисен кошаркар во лигата и со одлично резиме позади себе пристигнува во Подгорица.

Будуќност продолжува со одличните трансфер-потези и создава моќен тим за следната кампања. Во тимот веќе пристигна и плејмејкерот на Далас Маверикс, Мекинли Рајт, и сега може да се каже дека Црногорците ќе имаат страшен тандем на бековските позиции.

Одлични вести за навивачите на црногорскиот АБА-лигаш, а очекувањата од новите предизвици сигурно ќе бидат големи. Во тимот претходно пристигнаа уште Марвин Џонс, Алерик Фримен, Џакори Вилијамс, Андрија Славковиќ и Флечер МекГи.