Актуелниот шампион на АБА лигата белградска Црвена звезда ќе се засили со Стефан Јовиќ пред стартот на новата сезона во АБА лигата и дуелот против МЗТ Скопје.
Како што пишуваат грчките медиуми, Јовиќ ќе го носи „црвено-белиот“ дрес до крајот на сезоната. Ова воедно е враќање на српскиот кошаркар во тимот за кога ги бранеше боите во периодот од 2014 до 2017 година.
Инаку, МЗТ Скопје и гостува на Звезда на стартот од новата сезона во АБА лигата, меч кој ќе се одигра в недела во салата „Пионир“.