вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Четирикратен НБА Ол-стар играч доаѓа во Евролигата

Четирикратен НБА Ол-стар играч доаѓа во Евролигата

Кевин Пангос поради повреда ќе го нема уште неколку месеци, па тренерот Еторе Месина е во потрага по квалитетна замена. Според пишувањата во „Газета дело спорт“, Емпорио Армани го договорил потписот на некогашната НБА ѕвезда, Кемба Вокер. Потребно е само Американецот да ги помине лекарските за трансферот да биде официјализиран.

Искусниот 32-годишен бек имаше проблеми со повреда на коленото и токму поради тоа заврши неговата 12-годишна НБА кариера. Вокер во Бостон заработуваше и по 35 милиони долари во сезона, а четири пати беше дел од НБА ол-стар натпреварите и тоа во периодот од 2017 до 2020 година. Во кариерата, освен за Бостон, има играно и во екипите на Шарлот, Њујорк и Далас.