Црн Дрим е пред обезбедување опстанок во елитното кошаркарско друштво откако откако овој тим во првиот меч од баражот на гостински терен го совлада Кожув со резултат 80-83.
Гостите од Струга ја имаа почетната иницијатива на ова гостување во Гевгелија. Во раната фаза од првиот меч од плеј-аутот, остварија солидна разлика. Во 7.минута имаа плус од девет поени (17:6). Но двоецот Скот-Лок, не дозволи стружами да побегнат и на повисока разлика. На истекот на првата делница Црн Дрим имаше водство од (20:14). Со парцијални (11-6) во првите пе минути од втората четвртина, Кожув се приближи само на „половина поен“ негатива (25:26). А во оние други пет минути од четвртината, гевгеличани дури и поведоа. На полувремето имаа минимално водство, (35:34).
Имаа уште повисоки (52:44) во 26.минута избраниците на тренерот Павле Николов. Но крајот беше делеку за да можат да се радуваат на триумфот. Таа разлика (59:53), која ссо тројка ја креираше одличниот Пајиќ, успеаја да ја сочуваат и во финалните десет минути да имаат поголеми шанси за успех. Но во нив, најдоброто од екипата на Струга. Дури 30.поени реализираа кошаркарите на Црн Дрим во последниот, и најважен дел од играта на овој меч во кој стигнаа до толку посакуваниот „брејк“.Натпревар во кој искусниот Пантиќ застана на 28.поени и 8. скока, Стаменковиќ имаше дабл-дабл ефект од 19.поени и 11. скока, а двоцифрен број на поени кај стартерите имаа и Сколовиќ (14), и Жоао Марсело (13).
Скот беше одличен кај Кожув, затоа што на 22. поени, додаде и 9.асистенции и 6. скока. Пајиќ реализираше 19. Чампара имаше 14, Петров уште 11.реализации во домашната екипа, која сега е многу блиску до испаѓање од Првата лига.