среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Црвена Звезда тргна по Кампацо

Црвена Звезда тргна по Кампацо

Екипата на Црвена Звезда сака да активира трансфер-бомба и сериозно е заинтересирана во својот тим да го донесе Факундо Кампацо.

31-годишниот аргентински плејмејкер си заминува од НБА-лигата, а Црвена Звезда тргна по него. Му нуди плата од 1,8 милиони евра до крајот на сезоната, за да го облече „црвено-белиот“ дрес.

Плус, белграѓани се подготвени да платат и дел од сумата која Реал ќе ја добие затоа што Кампацо порано од предвиденото си оди од НБА. Се работи за 2,6 милиони евра.