петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Далас сака да го задржи Кајри Ирвинг

Далас сака да го задржи Кајри Ирвинг

Кајри Ирвинг има договор со Далас Маверикс до крајот на оваа сезона, но франшизата од Тексас нема против да го задржи во своите редови и за во иднина, односно да ја продолжи соработката со него, тврди Bleacher report.

И плејмејкерот е расположен да остане, но сака се да биде договорено пред стартот на преодниот рок за слободни агенти во текот на летото.

Веројатно директните преговори ќе почнат по завршувањето на сезоната, а таа за Далас може да финишира веќе идната недела.

Наводите на Bleacher report се спротивни на она што вчера го најави Шемс Чаранија кој рече дека Далас најверојатно ќе се ослободи од Ирвинг бидејќи сака да се фокусира на иднината и да биде активен во текот на летото.

Ирвинг дојде во Мавс во февруари и досега има одличен ефект од 26,7 поени, 5,9 асистенции и 5,1 скок по меч. Сепак, по неговото доаѓање, Далас доживеа голем пад во формата и од четвртото, падна на 11. место во Западната конференција.