вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дамјан Стојановски: МЗТ со помош на публиката може до пласман во АБА1 лигата

Дамјан Стојановски: МЗТ со помош на публиката може до пласман во АБА1 лигата

Најважниот дел од сезоната за кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром допрва претстои. Тоа е плејофот во АБА2 лигата, чиј домаќин ќе биде токму македонскиот шампион.

На турнирот што ќе се игра во СЦ Јане Сандански од 13 до 17 април, сино-белите во четвртфиналето за противник ќе ја имаат црногорската екипа Сутјеска од која во регуларниот дел од сезоната (8 коло турнир Бања Лука) загубија со еден поен разлика.

„Поразот во првиот меч не мотивира повеќе, да потврдиме дека сме подобар тим од Сутјеска и дека тоа беше сало лоша среќа. Но, натпреварот што претстои ќе биде многу поинаков. Влогот е голем, се игра само еден натпревар, нема прво на грешка, па затоа мораме да бидеме максимално фокусирани и да ги спроведеме сите договорени задачи“, вели капитенот Дамјан Стојановски.

Поддршката од трибините ќе биде од голема помош, па Стојановски верува дека и овојкат ќе биде така.

„Знаеме дека со поддршката од нашите верни навивачи секогаш да одиграме многу подобро. Со нивната поддршка сме се враќале и од безизлезни ситуации и сме победувале, а потоа и заедно радувале. Верувам дека и овојпат ќе биде така и дека со нашите навивачи ќе може да прославиме пласман во прволигашкото друштво“, додава Дамјан.

Веќе неколку дена се пуштени во продажба влезниците не само за поединечните натпревари, туку и како блок карти за сите дуели.

А, првиот кошаркарите на МЗТ ќе го имаат во среда од 18 часот за кога е закажан мечот со Сутјеска.