петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дамјан Стојановски не е сериозно повреден, најверојатно ќе настапи на мечот со Италија

Дамјан Стојановски не е сериозно повреден, најверојатно ќе настапи на мечот со Италија

Македонскиот кошарарски репрезентативец Дамјан Стојановски има повреда на скочниот зглоб на левата нога, но не е од посериозен карактер.

По неколку третмани кои ги направи лекарскиот тим досега, а ќе ги има и до пред почетокот на следниот натпревар во „балонот“ во Перм, очекувањата се дека искусниот бек-шутер ќе биде подготвен за следниот меч.

Дополнителните прегледи не покажале сериозно оштетување на лигаментите, па кошаркарот ќе му се стави на располагање на селекторот Александар Тодоров за мечот против Италија кој ќе се игра денес попладне, со почеток од 13:00 часот.

Македонија во Перм доживеа два порази од Италија и Русија, па ќе мора да оди на победа на следните две средби доколку сака пласман на Евробаскетот наредната година.