Данте Егзум ќе игра за Далас маверикс од следната сезона и ќе му биде соиграч на Лука Дончиќ, откако реши да го напушти Партизан.
Еден од омилените кошаркари на „гробари“, Егзум ќе се пресели во Далас каде што ќе заработи 2,7 милиони долари за едногодишен договор.
Новинарот Адриан Војнаровски кажа дека добил потврда за преселбата од менаџерот на Егзум, Брендон Розентал.
Егзум ќе се врати во НБА-лигата, каде што претходно го носеше дресот на Јута Џез и Кливленд каварлис пре дда се пресели во Европа во екипата на Барселона.