Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт Вориорс потврди Адријан Војнаровски.
Шариќ со новиот тим договорил едногодишен договор, а засега не се знае колку ќе заработи, иако се претпоставува дека ќе добие ветерански минимум.
Тој беше еден од најбараните слободни играчи на пазарот, а интересно е што ќе биде највисокиот играч во новиот тим со 208 сантиметри.
Дарио Шариќ ја започна минатата сезона во Феникс пред да биде трејдуван во Оклахома. Минатата е и негова најслаба сезона во најсилната лига на светот, на која и се приклучи во 2016 година. За само 14 минути на теренот имаше просек од 6,4 поени и 3,6 скока.