понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дастин Вер се врати во МЗТ Скопје

Дастин Вер се врати во МЗТ Скопје

Американецот Дастин Вер (32 години, 183 сантиметри) сезонава ќе ја доигра во сино-белиот дрес на МЗТ Скопје  Аеродром, што за него е враќање во добро позната средина во која настапуваше до пред крајот на јануари оваа година.

Плејмејкерот потпиша договор со „штрковите“ за да го доврши тоа што го почна минатата сезона, кога беше еден од најдобрите во МЗТ Скопје со што го привлече вниманието на побогатите екипи од посилните првенства.

Вер во МЗТ Скопје доаѓа на местото на Бре Ајви. Американецот и МЗТ се разделија затоа што кошаркарот добил побогата понуда и не бил во целост фокусиран на настапите.