недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дејан Радоњиќ се враќа во АБА-лигата

Дејан Радоњиќ се враќа во АБА-лигата

Кошаркарскиот стратег Дејан Радоњиќ е најсериозен кандидат за преземање на тренерското место во кошаркарскиот клуб  Будуќност.

Стратегот е подготвен за камбек во регионалното натпреварување и веќе имал неколку состаноци со највисокото раководство на Будуќност, при што кај двете страни има сериозна желба за соработка, јавува Радио-телевизија Црна Гора. Радоњиќ е без ангажман откако доби отказ во Панатинаикос во текот на минатата сезона.

Тимот од Подгорица во последните месеци отпушти двајца тренери, најпрвин Владимир Јовановиќ, а потоа и Петар Мијовиќ, па останува да се види дали Будуќност ќе постигне целосен договор со Радоњиќ, со што дефинитивно ќе ги потврди и високите амбиции за наредната сезона.