четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Американскиот кошаркар и центар на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, поради повреда на стапалото ќе паузира најмалку еден месец, објави ЕСПН.

За време на викендот тој направи дополнителни тестови и беше утврдено дека го чека пауза од најмалку еден месец. Ова е лоша вест за Лејкерси, бидејќи Дејвис моментално се наоѓа на десеттото место на листата на стрелци во НБА со просек од 27,4 поени по натпревар.

Дополнително, Дејвис има просек од 12,1 скока и 2,6 асистенции по меч.

Лејкерси моментално имаат скор од 13 победи и 16 порази во Западната конференција.