Кошаркарите на Грузија по две продолженија успеаа да ја скршат Турција во Тбилиси со 88-83 во третото коло за прв триумф на Европското првенство (ЕП).
Турција ја доби првата четвртина со 25-19, по голема борба и пресврт, па потоа до полувреме следеа многу возбудувања, а Грузија на пауза замина со предност од 36-33.
Грузија не го предаваше водството и го чуваше од нападите на Турците (53-49), по што следеше голема драма во завршнитата од дуелот, а охриѓанецот Чеди Осман промаши тројка во последна секунда за победа (68-68).
Победникот мораше да се решава по две продолженија, откако првото заврши 75-75, по што Грузија имаше повеќе нерви во финишот од дуелот и славеше со 88-83.
Сенгун постигна 21 поен за Турција, додека Османи запиша 13 поени, а на спротивната страна најдобар беше Мамукелашвили со 20 поени.