Во организација на кошаркарската федерација денес ќе се одиграат полуфиналните натпревари од националниот куп во женска и машка конкуренција.
Програмата ќе ја отворат кошаркарките со дуелот Бадел – Струга закажан за 12 часот. Следни на паркетот во СРЦ „Кале“ во Скопје ќе се појават кошаркарките на Баскет Кам и на Вардар (почеток 14:30 часот).
Машките полуфиналиња ќе почнат во 17 часот со мечот ТФТ – Навико Академија ФМП. Саботниот кошаркарски маратон ќе биде комплетиран со натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Феникс (почеток 19:30 часот).