петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Денвер Нагетс го продолжи договорот со Крис Браун

Денвер Нагетс го продолжи договорот со Крис Браун

Актуелниот НБА шампион Деневер Нагетс го продолжи договорот со Кристијан Браун, кој минатата сезона се прикажа во одлично светло и даде значаен придонес во освојувањето на првата шампионска титула.

Браун во својата прва сезона имаше солиден просек, а особено беше добар во плеј-оф серијата, кога Денвер успеа да стигне до историската прва титула.

Новата соработка предвидува Браун да остане во Колорадо уште најмалку две сезони, со опција за продолжување на договорот за уште две години.

Играчот многу бргу влезе во легендите на лигата, затоа што во својата прва сезона меѓу професионалците успеа да стигне до шампионски прстен, а исто така триумфираше и во НЦАА лигата пред само две години.