Демар Дерозан стана херој на Чикаго Булс, откако на неверојатен начин ја заврши годината и ја почна новата, станувајќи првиот кошаркар во НБА историјата кој постигнал две тројки во последите секунди две вечери едноподруго.
На 31 декември, тој имаше тројка за 108:106 и победа над Индијана пејсерс, а за помалку од 24 часа подоцна преку двајца противнички кошаркари постигна тројка за 120:119 победа над Вашингтон Визардс.
Со ова тој се израмни со Мајкл Џордан и Тони Кукоч со најмногу одлучувачки тројки во последните секунди Тој го заврши мечот со 28 поени, 9 асистенции и 5 скока, а Булси ја продолжија фантастичната серија за да се лидери на Истокот со 24-10 скор.
DEMAR DEROZAN CALLS GAME FOR THE 2ND NIGHT IN A ROW 🔥 pic.twitter.com/gCB52NPJ2G
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 2, 2022
НБА РЕЗУЛТАТИ
Милвоки – Њу Орлеанс 136:113
Детроит – Сан Антонио 117:116
Вашингтон – Чикаго 119:120
Бруклин – ЛА клиперс 116:120
Хјустон – Денвер 111:124
Јута – Голден стејт 116:123