недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Десетици уапсени фанови на Лејкерси – Eден претепан кога го опцул Коби Брајант(ВИДЕО)

Десетици уапсени фанови на Лејкерси – Eден претепан кога го опцул Коби Брајант(ВИДЕО)

Улиците на Лос Анџелес биле преполни во неделата откако Лејкерси ја освоија 17-та титула во НБА лигата.

Непосредно пред „Стејплс центарот“, салата во која Лејкерси ги играа домашните натпревари кога немаше пандемија, се собраа повеќе од 1.000 луѓе, кои меѓу другото го скандираа и името на покојниот Коби Брајант.

Но, имаше и еден што се осмели да ја навреди загинатата легенда и наводно извикувал : „За**и Коби!“ Фановите не можеа да му простат, па несреќниот човек веднаш го соборија на земја и го исклоцаа.

Фановите исто така се судрија со полицијата, ацелата мешаница завршила со 76 апсења, повеќе од 30 оштетени објекти, осум повредени полицајци и двајца повредени цивили, кои биле застрелани од полицијата од „помалку смртоносно оружје“.