понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Џамал Мареј нема да настапи за Канада на СП

Џамал Мареј нема да настапи за Канада на СП

Џамал Мареј, поради повреда нема да може да настапи за својата земја на светскиот собир. Најдобриот играч на Канаѓаните не успеа да заздраве навремено, па и покрај очекувањата нема да биде дел од тимот.

„Кога дојдов во тренинг кампот, сакав да видам како ќе реагира моето тело по тешката и напорна НБА-сезона. Сакав да видам дали сум спосоебен да се натпреварувам на највисоко ниво, какво што ќе биде Светското првенство. По консултација со медицинската екипа, одлучивме дека ми е потребен дополнителен период за потполно заздравување. Мојот сон останува да заиграм со Канада на Олимписките игри“, изјави Мареј.

НБА шампионот беше еден од најзаслужните во својот тим во походот кон историскиот успех. Требаше да биде и најсилен адут на Канада на Светското првенство, ама товарот ќе мора да го понесат останатите.