петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Џордан и следната сезона во редовите на Денвер

Џордан и следната сезона во редовите на Денвер

Кошаркарот Деандре Џордан и следната сезона ќе ги брани боите на шампионот Денвер Нагетс.

Искусниот центар се договори за продолжение на договорот со тимот од Колорадо. Џордан беше дел од ротацијата на Денвер во походот кон шампионскиот прстен. Одигра 39 натпревари, во просек на теренот беше по 15 минути и постигнуваше околу пет поени.

Иако има 35 години и повеќе не е истиот играч кој што беше во минатото, Џордан со своето искуство е корисен за тимот. Поради тоа, управата реши да му верува па му даде уште една година договор.